Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги нападна своите играчи по уште еден пораз во градското дерби против Милан. Романскиот стручњак сè уште не освоил ниту еден бод против „росонерите“ во три дербија.
„Боли кога губите дерби, особено кога очекувањата се големи. Направивме грешка во пристапот кон играта, но не беше сè лошо. Реагиравме, постигнавме гол за 2-1 и бевме блиску до израмнување, но Менњан направи фантастична интервенција. После тоа, му подаривме на противникот уште еден гол“, рече Киву.
Тој откри зошто едвај во последните десет минути уфрлил двајца напаѓачи.
„Бевме принудени на такво решение. Бони повраќаше цела ноќ и се чувствуваше лошо до пет и пол наутро, додека Пио имаше треска. Моравме да се прилагодиме на ситуацијата и проблемите што ги имавме. Сепак, одговорноста е наша поради пристапот и лесно изгубените ситуации. Минатата година бевме поагресивни, но повторувам, не беше сè фрлено настрана“, рече Киву.
Тој рече дека неговите играчи биле успани од трофеите што ги освоиле во претходните сезони.
„Не е лесно да се игра на секои три дена, особено со група играчи кои понекогаш се чувствуваат задоволни затоа што освоиле многу“, истакна Киву.


