Шефот на Мерцедес: Расел е сè уште во трка за титулата

Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека тимот сè уште го гледа Џорџ Расел во борбата за шампионската титула, и покрај сериозниот удар што го претрпе британскиот возач на Големата награда на Монако

Прегледи:

Датум:

Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека тимот сè уште го гледа Џорџ Расел во борбата за шампионската титула, и покрај сериозниот удар што го претрпе британскиот возач на Големата награда на Монако.

Трката во Монте Карло донесе еден од најтешките викенди во сезоната за Расел. Откако се квалификуваше како шести, неговата трка тргна надолу поради казна од пет секунди за пребрзо возење во боксот. Ситуацијата дополнително се влоши кога последователно беше казнет за возење низ боксот, што практично му ги уништи шансите да се врати на врвот на табелата.

Црвеното знаме дојде на крајот од трката, што целосно го наруши ритамот и стратешките планови. Откако ги издржа казните, Расел заврши надвор од зоната на поени, на 12-то место.

Додека остана без бод, неговиот тимски колега Андреа Кими Антонели го продолжи својот импресивен настап и ја забележа петтата последователна победа. Расел не успеа да освои поени втор викенд по ред, откако претходно истото му се случи и во Канада.

Во генералниот пласман, Британецот сега е 68 поени зад Антонели и падна на третото место, зад Луис Хамилтон, што дополнително ја комплицира неговата борба за првото место.

И покрај сè, Мерцедес верува дека сезоната не е изгубена за нивниот возач.

„Џорџ е навистина добар во анализата и проценката на ситуацијата“, рече Волф. „Му кажав дека само пред две недели бил на пол-позиција, ја освои спринт трката и водеѓе во главната трка. Тогаш никој не зборуваше за недостаток на брзина. Затоа мора да останеме приземјени, да ги анализираме податоците и да разбереме зошто Монако и Мајами беа тешки за нас“, објасни Волф.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

И Грчката федерација се откажа од Инфантино

Грчката фудбалска федерација и поранешниот директор на германската репрезентација,...

УЕФА ја менува Лигата на нации: Се укинува Лигата Д, сите дивизии се шират на 18 репрезентации

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави официјалните измени во...

Де ла Фуенте останува на чело на Шпанија до 2030 година

Селекторот на машката репрезентација на Шпанија, Луис де ла...

Роналдо бара доживотна забрана за пристап на стадионите поради навредите кон починатиот Жота

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија и тамошната Про лига...