Верстапен ги пофали најновите подобрувања на Ред Бул

Макс Верстапен верува дека најновиот пакет подобрувања на Ред Бул „работел добро“ за време на „силните“ тренинзи пред Големата награда на Азербејџан

Прегледи:

Датум:

Макс Верстапен верува дека најновиот пакет подобрувања на Ред Бул „работел добро“ за време на „силните“ тренинзи пред Големата награда на Азербејџан.

Тимот на Ред Бул претстави голем број нови карактеристики за RB22 во Баку, вклучувајќи нов под, дифузер и редизајнирани странични кутии.

Верстапен заврши трет на втората слободна тренинг сесија. Тој беше единствениот возач помалку од секунда зад дуото на Мерцедес, Џорџ Расел и Кими Антонели, а воедно ги надмина и двете Ферари возени од Шарл Леклер и Луис Хамилтон.

„Денес (вчера) беше прилично добар ден и сум задоволен од автомобилот. Работевме на дотерување на некои детали и се обидувавме да најдеме малку повеќе перформанси, па затоа е добар почеток за тимот. Се чини дека сме меѓу лидерите во моментов и можеме да се бориме за место на подиумот, па затоа само треба да најдеме малку поголема брзина. Подобрувањата функционираат добро, што е позитивно, па ќе видиме како ќе одат работите утре (денес)“, рече Верстапен.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Јунајтед го привлече талентираниот Касим од Манчестер Сити

Манчестер Јунајтед се согласи да потпише со младиот играч...

📽️ Израелски фудбалер доби црвен картон поради прослава на гол

Израелскиот репрезентативец Саид Абу Фархи доби црвен картон поради...

Зошто огромната предност на Мерцедес во Баку можеби не е реална?

Мерцедес силно тврдеше дека доминира на Големата награда на...

Деко откри зошто Лаутаро не се приклучи на Барселона

Спортскиот директор на Барселона, Деко, ги разјасни причините зошто...