Вардар го доби дербито, но Алкалоид не се откажува од трката за врвот

Вардар продолжува со максимален ефект во домашното првенство, откако во големото скопско дерби го совлада Алкалоид со 36-31. Сепак, конечниот резултат не ја отсликува целосно неизвесноста што ја понуди оваа пресметка, во која тимот на Кирил Лазаров долго време му беше рамноправен противник на актуелниот шампион

Прегледи:

Датум:

Вардар продолжува со максимален ефект во домашното првенство, откако во големото скопско дерби го совлада Алкалоид со 36-31. Сепак, конечниот резултат не ја отсликува целосно неизвесноста што ја понуди оваа пресметка, во која тимот на Кирил Лазаров долго време му беше рамноправен противник на актуелниот шампион.

Алкалоид влезе храбро во натпреварот, не дозволувајќи му на Вардар лесно да ја преземе контролата. По почетната предност на црвено-црните, гостите успеаја да се вратат и да го одржат резултатскиот приклучок, па на паузата двете екипи заминаа со нерешени 17-17.

И во вториот дел се играше изедначено, а Алкалоид успеваше да одговори на предизвикот сè до резултатот 26-26. Токму тогаш дојде периодот кој го реши победникот. Вардар ја зацврсти одбраната, голманот Гогов врза неколку значајни интервенции, а домаќините направија серија од 6-0 за недостижни 32-26.

Тоа беше моментот кога Алкалоид го загуби чекорот, и покрај обидите на Лазаров со тајм-аут да ја прекине серијата на противникот. Марко Митев со седум погодоци беше меѓу најрасположените во составот од Автокоманда, но Вардар веќе имаше доволна предност за мирна завршница.

На спротивната страна, Матео Фадуил одигра одличен натпревар и постигна 11 гола од исто толку обиди.

За Вардар ова е уште една важна победа во сезоната во која тимот на Иван Чупиќ засега не знае за неуспех. По триумфот над Пелистер, сега го совлада и Алкалоид, потврдувајќи дека во моментов има сериозна стабилност кога се играат натпревари со најголем влог.

Но, Алкалоид и покрај поразот има причини да извлече позитивни работи. Одигра добар дел од натпреварот на високо ниво, покажа дека може да му парира на фаворитот, но повторно се потврди дека против најсилните екипи деталите и неколкуте минути пад во концентрацијата можат да направат огромна разлика.

За екипата на Лазаров останува да ја бара континуираноста во играта, особено во завршниците на ваквите дербија. Вардар, пак, продолжува да ја гради својата шампионска сезона и да испраќа порака дека ќе биде многу тешко да се симне од тронот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ЛН: Данска ја декласираше Португалија, Шведска и Норвешка славеа, Халанд продолжува да руши рекорди

Петтото коло во Лигата на нации донесе неколку изненадувања,...

🎥 Линекер за Покетино: Ако сè уште е таму за 18 месеци, ќе бидам изненаден

Повеќе од една деценија, Манчестер Јунајтед безуспешно бара наследник...

Ромарио кон Анчелоти по поразот од Јапонија: „Земи си ги работите и оди си“

Легендарниот бразилски напаѓач, сега сенатор, Ромарио побара Карло Анчелоти...

Нов тежок удар за кошаркарките: Македонија сè уште далеку од европското ниво

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го запиша и вториот...