🎥📸 Костјук во провокативен фустан ги „запали“ фановите ширум светот

Една од најатрактивните тенисерки во светот, Марта Костјук игра во формата на својот живот оваа сезона

Прегледи:

Датум:

Една од најатрактивните тенисерки во светот, Марта Костјук игра во формата на својот живот оваа сезона.

Жешката Украинка го освои Мастерсот во Мадрид, а потоа играше во полуфиналето на Ролан Гарос и Вимблдон, што ѝ донесе скок на 11-то место на ВТА листата.

Костјук, како и многу тенисерки, едвај чекаше да дојдат слободните денови. Таа пристигна на Ибица и пушти серија атрактивни фотографии, а нејзиното видео на Инстаграм особено предизвика вистинска возбуда.

Таа се појави во фустан со смели кроеви на половината и на стомакот, што предизвика воодушевување на фановите на социјалните мрежи.

Објавата брзо собра над 93.000 лајкови, а коментарите само се редеа. Меѓу првите што коментираа беше нејзината пријателка, колешката тенисерка Ева Лис, која ѝ прави друштво.

„Дали воопшто ми е дозволено да дишам покрај тебе во таа облека?“, напиша германската тенисерка.

Марта е личност која не се срами да ја покажува својата фигура и често ја нарекуваат една од најсексипилните тенисерки на Турнејата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬Како пред 10 години: Стеф Кари постигна 44 поени за 32 минути

Стеф Кари постигна 44 поени, што е најдобар учинок...

Јокиќ со важна порака до младите соиграчи по јубилејот

Никола Јокиќ стигна до својот 200-ти „трипл-дабл“ во регуларната...

📽️ Лејкерси ја добија битката за Л.А. и без Дончиќ

Изминатата ноќ во НБА донесе неколку интересни дуели, а...

Мартин доби зелено светло за настап во Малезија

Помалку од една недела откако претрпе фрактура на десниот...