Дезире Дуе блиску до нов договор со ПСЖ

Пари Сен Жермен е се поблиску до продолжување на договорот на францускиот интернационалец Дезире Дуe. Раководството на европскиот клупски шампион веќе води разговори со претставниците на 21-годишниот фудбалер, кој се етаблираше како еден од главните играчи во тимот на Луис Енрике

Прегледи:

Датум:

Пари Сен Жермен е се поблиску до продолжување на договорот на францускиот интернационалец Дезире Дуe. Раководството на европскиот клупски шампион веќе води разговори со претставниците на 21-годишниот фудбалер, кој се етаблираше како еден од главните играчи во тимот на Луис Енрике.

Тековниот договор на Дуe е до летото 2029 година, но Парижаните сакаат да ги обезбедат неговите услуги за уште подолг период. Според информациите од „RMC Sport“, клубот веќе упатил прва усна понуда до офанзивниот фудбалер.

ПСЖ е подготвен да му понуди на Ду продолжување на договорот за уште три години – до јуни 2032 година. Се очекува новиот договор да вклучува значително зголемување на неговата плата, што ќе ја одрази неговата зголемена улога во тимот.

Преговорите се одвиваат во позитивна атмосфера, бидејќи и самиот фудбалер сака да ја продолжи кариерата на „Паркот на принцовите“. Сепак, двете страни сè уште не ги финализирале финансиските услови на потенцијалниот договор.

Дуe се приклучи на ПСЖ од Рен во летото 2024 година и постепено стана клучна фигура во нападот на францускиот гигант. Од почетокот на оваа сезона, тој има четири гола и четири асистенции во 11 настапи во сите натпреварувања.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Познати двојките за четвртфиналето на Карабао Купот

Ждрепка за четвртфиналето на Карабао Купот одреди Ливерпул да...

Ираола: Младите играчи помогнаа во победата, безрезервно веруваме во нивните способности

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, го коментираше драматичниот триумф...

Алонсо по елиминацијата од Ливерпул: Покажавме добро лице, што е задолжително кога си на „Енфилд“

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, даде коментар по драматичното...

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...