Бившата на Дончиќ се откажа од постапката за алиментација

Анамарија Голтес, поранешната вереница на Лука Дончиќ, се откажа од судската потапка за утврдување на алиментацијата за нивните две деца, објави TMZ

Прегледи:

Датум:

Анамарија Голтес, поранешната вереница на Лука Дончиќ, се откажа од судската потапка за утврдување на алиментацијата за нивните две деца, објави TMZ.

Дончиќ имаше тешки неколку месеци, а сè започна со семејни проблеми. Веста дека Дончиќ и Голтес се разделиле дојде од никаде, оставајќи голема трага кај Лука.

Тој самиот нагласи дека сè му било многу тешко, првенствено поради нивните две ќерки, кои беа предмет на голема судска постапка. TMZ објави дека истата сега прекинува.

Според медиумските извештаи, Анамарија се откажала од постапката, а самата изјави дека причината е затоа што сака тие двајца да ги решат своите проблеми меѓу себе.

„Го повлекувам моето барање за алиментација со јасна намера да го решам ова прашање на мирен и меѓусебен договор, во најдобар интерес на нашите деца“, сподели Голтес.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Сопствениците на Ливерпул може да го купат тимот на Cadillac во Формула 1

Деновиве се појавија информации за иднината на мнозинската сопственост...

УЕФА нема да изрекува дополнителни казни за Куња

УЕФА нема да изрекува дополнителни казни за напаѓачот на...

Ништо од завршниот АТП турнир: Шокантен пораз на Ѓоковиќ во 2. коло во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од Австралијанецот Ринки...

Катастрофални вести за ПАОК – Осман мора на операција на коленото

Кошаркарот на ПАОК, Чеди Осман, го повреди коленото и...