Одредени групите за завршниот ВТА турнир во Индијан Велс

Тенисерките број еден и број два во светот, Казахстанката Елена Рибакина и Белорусинката Арина Сабаленка, ќе ги предводат своите групи на претстојниот завршен ВТА турнир во Индијан Велс

Прегледи:

Датум:

Тенисерките број еден и број два во светот, Казахстанката Елена Рибакина и Белорусинката Арина Сабаленка, ќе ги предводат своите групи на претстојниот завршен ВТА турнир во Индијан Велс.

Казахстанката е сместена во Група 1 со Американките Коко Гауф и Џесика Пегула и Чехињата Линда Носкова.

Во Група 2, на Сабаленка ѝ се придружуваат Русинката Мира Андреева, Украинката Елина Свитолина и Чехињата Каролина Мучова.

Натпреварувањето започнува во недела и трае до 15 ноември.

Во текот на првите шест дена, секоја тенисерка ќе се соочи со преостанатите три противнички во нејзината група, а првите две ќе се пласираат во полуфиналето.

Рибакина ја брани својата титула, откако ја победи Сабаленка во финалето лани.

Шампионката на Ролан Гарос Андреева, Мучова и шампионката на Вимблдон Носкова дебитираат на завршниот турнир.

Потсетуваме, турнирот беше преместен во Индијан Велс од Саудиска Арабија поради безбедносни причини.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија го отвора патот кон ЕП 2028, Луксембург прв предизвик 

Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) во СЦ „Борис...

Рафаел Надал назначен во УО на Реал Мадрид

Реал Мадрид го назначи Рафаел Надал, освојувачот на 22...

Фонсека го напушти Лион среде сезона, го презема Спортинг

Францускиот прволигаш Лион официјално објави денеска дека сегашниот тренер...

📽️ Паркер нов менаџер на Вест Хем, приоритет враќање во Премиер лигата

Вест Хем официјално го потврди назначувањето на поранешниот клупски...