Францускиот прволигаш Лион официјално објави денеска дека сегашниот тренер Пауло Фонсека го напушта клубот и ќе ја продолжи кариерата во португалски Спортинг.
Фонсека (53) го презеде Лион на 31 јануари 2025 година, кога го наследи отпуштениот Пјер Саж, а неговиот договор со францускиот клуб е до 30 јуни 2027 година.
"Foi o Sporting que o fez mudar de ideias?"
Paulo Fonseca: "Claro"
Mister 🥹💚 https://t.co/dqGI2ZaKb3
— Fneaky (@Fneaky2) November 3, 2026
Лион му се заблагодари на португалскиот стручњак за соработката, но во исто време изрази големо незадоволство од неговата одлука.
Клубот изјави дека длабоко жали за тоа, особено поради неочекуваната одлука донесена на средина од сезоната.
Officiel : Paulo Fonseca quitte l’OL 🔴🔵
https://t.co/R7dsbTfp0P https://t.co/LhammWCRne
— Olympique Lyonnais (@OL) November 4, 2026
Фонсека го напушта Лион во време кога тимот е на третото место на табелата во францускиот шампионат по девет кола, а игра и во Лигата на Европа.
Неговиот сонародник Жорж Масиел (41), кој досега беше еден од помошните тренери, привремено ќе го води тимот за следните два натпревари.
Лион ќе игра против Реал Сосиедад во Лигата на Европа во четврток, додека во недела ќе се соочат со Брест во Лига 1.
Спортскиот директор на клубот, Матие Луј-Жан, потврди дека одборот веќе разгледува потенцијални наследници.
„Карлос Висенс е еден од тренерите што ги разгледуваме“, рече Луј-Жан.


