На социјалните мрежи се појави бизарно видео по убедливата победа на Барселона над Феенорд (5:1) во првото коло од Лигата на шампионите.
Додека Каталонците демонстрираа сила против Холанѓаните, крајбрежниот град беше погоден од големо невреме. Силниот дожд создаде проблеми, па огромни количини вода се влеаја во просторот наменет за новинарите на „Камп Ноу“.
Одредени места беа буквално поплавени, а многу маси наменети за членовите на „седмата сила“ беа целосно мокри.
Шпанскиот гигант инвестираше околу 1,5 милијарди евра во проектот за реконструкција на нивниот култен објект. Реновирањето ги вклучува новата „Палау Блауграна“, околниот простор и кампусот на клубот. Работата започна во 2023 година, а Барса се врати во својот дом во ноември минатата година, иако е јасно дека не е сè подготвено.
Barcelona spent over €1 BILLION on the Camp Nou renovation and it still looks like Old Trafford. 🤣🤣🌧️💦 pic.twitter.com/E1KgGsx1Nm
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) September 9, 2026
Камп Ноу моментално работи со намален капацитет бидејќи работите сè уште се во тек, но тоа не ја намалува иронијата – еден од најскапите фудбалски проекти во светот е „шуплив“.
Се предвидува дека целосната „преобразба“ на стадионот ќе трае уште до две години. Јасно е дека засега нема покрив, но чудна е одлуката на клупските челници дефинитивно да го направат споменатиот дел пристапен. Изгледа како да не ја погледнале временската прогноза.


