📷🎬 Родман и Брајант станаа ангели на Викторија Сикрет: Наследничкиите на НБА легендите го украдоа шоуто на манекенките

Модната ревија на Викторија Сикрет се одржа во Лос Анџелес, а покрај најпознатите модели во светот, како ангели на Викторија се појавија и ќерките на НБА легендите - Тринити Родман и Наталија Брајант

Прегледи:

Датум:

Модната ревија на Викторија Сикрет се одржа во Лос Анџелес, а покрај најпознатите модели во светот, како ангели на Викторија се појавија и ќерките на НБА легендите – Тринити Родман и Наталија Брајант.

Тринити Родман е наследничка на Денис Родман, легендарната НБА ѕвезда, која е и една од најдобрите фудбалерки во САД, додека Наталија Брајант е ќерка на славниот Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, кој трагично загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година со својата помлада ќерка Џиџи Брајант.

Нивниот изглед привлече големо внимание од медиумите и сите присутни на оваа позната модна ревија, а тие „го украдоа шпоуто“ од познатите „ангели“, бидејќи таму беа и Адријана Лима, Ирина Шајк, Алесандра Амброзио, Џиџи и Бела Хадид…

Тринити Родман во последно време е во центарот на вниманието поради нејзината врска со познатиот американски тенисер Бен Шелтон, кого неодамна го бодреше на Отвореното првенство на САД, каде што тој го одигра своето прво Гренд слем финале, кога по нејзиниот меч, таа пристигна со хеликоптер на крајот од финалето за да биде со своето момче.

И може да се каже дека и двете привлекоа големо внимание кога прошетаа по модната писта и покажаа дека и во оваа сфера се рамо до рамо со иконите на светот на модата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...