Де ла Фуенте: Оваа генерација освои сè, тие се пример за Шпанија

Селекторот на Шпанија не ги криеше своите емоции откако го водеше тимот до титулата на Светското првенство во 2026 година. Во финалето, „Фуријата“ доминираше против Аргентина, иако победија тешко со 1:0 по продолженијата

Прегледи:

Датум:

Селекторот на Шпанија не ги криеше своите емоции откако го водеше тимот до титулата на Светското првенство во 2026 година. Во финалето, „Фуријата“ доминираше против Аргентина, иако победија тешко со 1:0 по продолженијата.

„Многу сум горд на оваа генерација фудбалери кои пораснаа со оваа филозофија, останаа верни на идејата и ја подобрија, поставија пример за заедништво и семејство. Тие се неверојатни играчи со огромен талент. Исклучително сум горд“, беа првите зборови на Де ла Фуенте по финалето.

„Ова финале беше голема мака. Во моментов сум многу емотивен. Кога ќе размислам за тоа – успеавме да освоиме сè, апсолутно сè, со оваа генерација играчи. Тоа е неверојатно. Тие се пример за шпанскиот спорт, за цела Шпанија. Заедно сме посилни“, додаде тој.

Стручњакот коментираше и за самиот натпревар: „Мислам дека натпреварот можеше да биде решен многу порано. Одбраните на Мартинез нè спречија да победиме порано или да поведеме порано. Но, ова е финале на Светското првенство и мора да бидете подготвени да страдате, дури и против 10 играчи, а ние бевме подготвени на сè.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...

Рафиња нов прв капитен на Барселона, Јамал петти на листата

Актуелниот шпански шампион Барселона денес објави дека прв капитен...

Евролигата потврди: Суперкупот во Абу Даби

Евролигата ги негираше наводите дека првиот Суперкуп од ова...