Салиба ги продолжува тренинзите со Франција

Вилијам Салиба ги продолжи тренинзите со Франција еден ден пред првиот натпревар на „петлите“ на Светското првенство, кој е утре против Сенегал

Прегледи:

Датум:

Вилијам Салиба ги продолжи тренинзите со Франција еден ден пред првиот натпревар на „петлите“ на Светското првенство, кој е утре против Сенегал.

Дефанзивецот на Арсенал имаше проблеми со болки во грбот и ги пропушти последните тренинзи. Пред заминувањето на тимот за САД, имаше загриженост за неговото учество на Светското првенство.

Селекторот Дидие Дешан и медицинскиот персонал објавија дека проблемот не е толку сериозен. На последниот тренинг во Бостон, Салиба повторно не учествуваше на тренингот заедно со своите соиграчи, но тренираше за прв пат откако тимот беше во САД.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мемфис останува единствениот непоразен тим, Филаделфија победи без Леброн и Ембиид

Филаделфија го продолжи одличниот почеток на сезоната со победа...

Расел: Среќен сум по тешката недела

Џорџ Расел заврши втор во квалификациите за Мерцедес во...

Леклер: Не се снајдов добро

Шарл Леклер во Ферари беше голем фаворит за квалификациите...