Втор последователен пораз на Сити – Брајтон славеше минимално на „Етихад“

Откако го победија шампионот Арсенал (3:0), Брајтон го победија и Манчестер Сити, и тоа на гостински терен со 1:0. „Галебите“ ја забележаа својата четврта победа во последните пет кола и го задржаа 3-то место на табелата

Прегледи:

Датум:

Откако го победија шампионот Арсенал (3:0), Брајтон го победија и Манчестер Сити, и тоа на гостински терен со 1:0. „Галебите“ ја забележаа својата четврта победа во последните пет кола и го задржаа 3-то место на табелата.

Тие му се одмаздија и на денешниот ривал за поразот пред три дена во Лига купот на пенали.

Решавачкиот момент се случи во 11-тата минута, кога Ајари ја казни збунетата реакција на домашната одбрана.

Сити се обидуваше на секој начин до крајот, но Брајтон се спротивстави и им нанесе втор последователен пораз на „граѓаните“.

Доколку Арсенал не загуби од Ливерпул утре, ќе го заземе првото место.

Во преостанатите натпревари од попладневната програма, Борнмут и Брентфорд забележаа сигурни победи, против Лидс и Нотингем, соодветно, со идентични резултати – 2:0.

Ковентри го изненади Сандерленд на домашен терен со 3:1, додека Хал и Ипсвич ги поделија бодовите 2:2.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Веќе не ми е гајле што велат другите, критиките не ме засегаат, вели Мурињо

Постојано се зборува дека стилот на игра на тренерот...

Отворена истрага за обложување за пласманот на фудбалерите за „Златната топка“

Организаторот на „Златната топка“, „Франс Фудбал“, започна истрага за...

Алкараз го победи Медведев, го чека противникот за финалето

Карлос Алкараз се пласираше во финалето на АТП турнирот...

Норис подготвува изненадување за ривалите во квалификациите

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, верува дека...