🎥Семењо го донесе ФА Купот на Манчестер Сити, тимот на Гвардиола со втора титула во Англија сезонава

Манчестер Сити го освои ФА Купот по осми пат во својата историја. „Граѓаните“ го победија Челси со 1-0 во финалето, а единствениот гол го постигна Антоан Семењо. Тој постигна прекрасен удар со петица во 72-та минута.

Прегледи:

Датум:

Манчестер Сити го освои ФА Купот по осми пат во својата историја. „Граѓаните“ го победија Челси со 1-0 во финалето, а единствениот гол го постигна Антоан Семењо. Тој постигна прекрасен удар со петица во 72-та минута.

Успехот значи дека тимот на Пеп Гвардиола освои „двојна круна“, откако претходно во сезоната триумфираше и во Лига Купот.

Поразот на Челси може да биде уште поболен за Лондончани, бидејќи можеби нема да играат на европските турнири следната сезона, откако нивните шанси за пласман од Премиерлигата не се големи.

Сити, од друга страна, има уште два лигашки натпревари за победа и се надева на кикс од Арсенал. Тие дури би можеле да обезбедат тројна круна во она што би можело да биде последната сезона на Пеп Гвардиола на „Етихад“…

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...