Тотенхем славеше со 1:2 на гости кај Астон Вила и забележа клучна победа што ги извлече од зоната за испаѓање. Емилијано Буендија постигна гол за домаќините, а Конор Галагер и Ричарлисон за гостите. Вила испрати резервен тим на теренот поради реваншот од полуфиналето на Лигата на Европа против Нотингем Форест следниот четврток.
Тотенхем ќе го заврши ова коло надвор од зоната за испаѓање, со оглед на тоа што Вест Хем претходно загуби со 3:0 од Брентфорд. Ситуацијата е таква што Спарс имаат бод пред својот главен ривал пред последните три кола.
До крајот на првенството, Тотенхем ги пречекува Лидс и Евертон, а гостува кај Челси. Од друга страна, Вест Хем ги пречекува првопласираните Арсенал и Лидс и гостува кај Њукасл.
Не треба да се отпишува ниту Форест, кој има 39 бода, два повеќе од Тотенхем и три повеќе од Вест Хем. Имаат натпревар повеќе за играње од Вест Хем и Тотенхем, но сите натпревари им се тешки. Тие ќе ги посетат Челси и Манчестер Јунајтед, а ќе ги пречекаат и Њукасл и Борнмут. Покрај сето тоа, тие играат и полуфиналето од Лигата на Европа против Астон Вила, во кое ќе ја бранат предноста од 1:0.
Математички, Кристал Палас, Лидс и Њукасл исто така можат да се приклучат во борбата, но тоа сценарио е малку веројатно со оглед на тоа дека им требаат само два бода за математички да го обезбедат својот престој во елитната лига на англискиот фудбал.


