📷Напаѓачот на Монако суспендиран на два натпревари поради несоодветна прослава на гол

Напаѓачот на Монако, Парис Брунер, е суспендиран на два натпревари поради несоодветна прослава на голот на натпреварот против Стразбур

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот на Монако, Парис Брунер, е суспендиран на два натпревари поради несоодветна прослава на голот на натпреварот против Стразбур.

Кога го постигна голот за конечни 1:1, Брунер истрча кон навивачите и направи гест на „сечење на врат“ со раката.

Покрај суспензијата од два натпревари, доби и два натпревари условно.

На тој начин, дваесетгодишниот фудбалер ќе ги пропушти натпреварите со Тулуз и Лориен.

По натпреварот, тој рече дека реагирал на тој начин затоа што навивачите на Стразбур го навредиле него и неговото семејство, но сепак се извини за својот гест.

Брунер постигна четири гола на првите пет натпревари од Лига 1, а Монако е лидер на табелата со 13 бода.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬 И тоа се случува во Манчестер: 16-годишник снима проштално видео

Еден од најголемите таленти на Англија, Џеј Џеј Габриел,...

ФИФА сака да ги задржи „паузите за хидратација“ на СП 2030

Светската фудбалска федерација (ФИФА) во документацијата за продажба на...

Лазаров ги отвори картите за Мундијалот: 35 ракометари во трка за германската авантура

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го...

Зверев се соочува со нова тужба од поранешната девојка

Александар Зверев најверојатно повторно ќе мора да оди на...