Митевска го предаде четвртфиналето на Европското првенство поради повреда

Македонската тенисерка Сара Митевска го предаде четвртфиналниот меч против Германката Милена Стеинкамп на Европското првенство за тенисерки и тенисери до 16 години што се игра во Парма

Прегледи:

Датум:

Македонската тенисерка Сара Митевска го предаде четвртфиналниот меч против Германката Милена Стеинкамп на Европското првенство за тенисерки и тенисери до 16 години што се игра во Парма. Таа во третиот сет при 1:1 во сетови и 3:2 во гемови за противничката го предаде мечот откако заработи повреда за време на тај-брејкот во вториот сет.

Во тај-брејкот на вториот сет Митевска незгодно падна и го повреди коленото. Таа сепак го продолжи мечот, но во два наврати и беше укажувана и медицинска помош, а во вториот при 2:1 во гемови за неа за време на паузата десното колено и беше бандажирано.

Инаку, Митевска го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а во вториот сет во кој се водеше голема борба за секој поен имаше постојано водство. Сепак нијанси решаваа и ривалката од Германија успеа да се избори за тај-брејк во кој го изедначи резултатот во сетови, а притоа македонската тенисерка се повреди.

Во секој случај Сара Митевска со пласманот во четвртфиналето и со прикажаните игри покажа дека е иднината на македонскиот женски тенис, а особено беше значајна победата во осминафиналето против Марија Поп од Романија, која е една од најдобрите светски тенисерки на возраст до 18 години и беше прва носителка.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ESPN го прогласи Јокиќ за најкорисен играч на НБА трета година по ред

Никола Јокиќ од Денвер е прогласен за играч број...

Макаби „завери“ клучен играч – Соркин ќе добива 1.500.000 по сезона

Макаби Тел Авив е подготвен да го задржи Роман...

Џошуа по објавувањето на борбата со Фјури: Инспирирам цела генерација

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа го...

Штабот на Фјури со детали за допинг тестовите пред борбата со Џошуа

Менаџерот Спенсер Браун вели дека контактирал со Доброволното антидопинг...