📸🎬 Кејн го продолжи договорот со Баерн до 2029 година

Освојувачот на „Златната топка“ за 2026 година, Хари Кејн ќе ја продолжи својата кариера во Баерн, откако потпиша нов договор со германскиот гигант до 2029 година

Прегледи:

Датум:

Освојувачот на „Златната топка“ за 2026 година, Хари Кејн ќе ја продолжи својата кариера во Баерн, откако потпиша нов договор со германскиот гигант до 2029 година.

Триесет и три-годишниот напаѓач влезе во последните 12 месеци од четиригодишниот договор што го потпиша во 2023 година, кога се пресели од Тотенхем во Баерн за 86 милиони фунти.

Кејн постигна 73 гола на 65 натпревари минатата сезона и беше прогласен за најдобар играч во светот на церемонијата за доделување на „Златната топка“ минатиот месец.

„Се чувствувам како дома во Баерн. Го сакам клубот, навивачите и градот Минхен. Имаме фантастичен тим и одличен тренер во Винсент Компани. Многу сум горд што сум дел од овој клуб. Целото мое семејство е многу среќно тука. Сакав да останам. Сега се радувам на иднината и сакам да освојам уште многу трофеи со овој голем клуб“, рече Кејн.

Според „Тајмс“, англискиот репрезентативец ќе го задржи статусот на најплатен играч на Баерн со годишна бруто плата од 25.000.000 евра, без зголемување на неговата сегашна плата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Почина поранешниот шампион во Формула 1, Алан Џонс

Алан Џонс, последниот Австралиец и прв возач на Вилијамс...

📽️ Гинисов рекорд: 53 црвени картони на еден натпревар

Светски рекорд од 53 црвени картони беше поставен за...

🎥 Навивачите на Бетис ја шокираа фудбалската јавност – прекинаа минута молк за починатиот Де Мигел

Натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Бетис (2:1) во четвртото...

Дончиќ прв по Џордан кој постигнал 300 поени во осум натпревари од сезоната

Лука Дончиќ постигна 40 поени, а Лос Анџелес Лејкерс...