МЗТ Скопје продолжи да тоне во Европа: убедлив пораз и во Варшава

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа и петтиот пораз во ФИБА Европа купот, откако вечерва загубија со 89:66 на гостувањето кај Џики Варшава во рамките на петтото коло од групната фаза

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа и петтиот пораз во ФИБА Еврокупот, откако вечерва загубија со 89:66 на гостувањето кај Џики Варшава во рамките на петтото коло од групната фаза.

Македонскиот шампион повторно не успеа да најде решение за расположениот противник, кој уште во првото полувреме ја презеде контролата врз натпреварот и на паузата замина со предност од 47:31. По изедначениот почеток, полскиот состав ја искористи слабата игра на скопјани и постепено ја зголемуваше разликата.

Џики Варшава беше подобар во сите клучни сегменти, а особено во нападот од далечина. Полјаците погодија 15 тројки, наспроти само шест на МЗТ, што беше еден од главните фактори за убедливиот пораз на гостите.

Овој резултат е продолжение на лошата европска серија на „штрковите“, кои и по пет одиграни натпревари остануваат без победа. Претходно, скопскиот тим загуби од Ираклис, Тарту, Вирцбург и АЕК Ларнака, па ситуацијата во групата Е станува сè потешка.

МЗТ во Варшава настапи без капитенот Дамјан Стојановски, чиј изостанок дополнително ја отежна задачата на тимот. И покрај позитивниот резултат во домашното првенство против Пелистер, македонскиот шампион повторно не успеа да го пренесе тој импулс на европската сцена.

За МЗТ следува ново гостување, овојпат кај Ираклис на 11 ноември, каде ќе има нова можност да ја прекине серијата порази и да покаже дека може да се носи со европските противници.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Милан го враќа Адидас на дресовите, ќе земе 500.000.000 евра

Милан ќе се врати кај Адидас од сезоната 2028/29...

Се огласи Овоно по смртта на Де Мигел: Ова се најтешките денови во мојот живот

Голманот на Андора, Хесус Овоно, кој беше вмешан во...

📽️ Изненадување во ЛШ: Фенербахче го победи Ливерпул по голем пресврт

Фудбалерите на Фенербахче направија драматичен пресврт и го победија...