📽️ Над 70.000 луѓе го пречекаа Папата на Бернабеу, Перез му ги покажа трофеите на Реал Мадрид

За време на посетата на Шпанија, Папата Лав XIV не пропушти да го посети стадионот на Реал Мадрид, каде што беше пречекан од над 70.000 луѓе. Така, по втор пат во историјата, Бернабеу пречека католички поглавар по Јован Павле II во 1982 година

Прегледи:

Датум:

За време на посетата на Шпанија, Папата Лав XIV не пропушти да го посети стадионот на Реал Мадрид, каде што беше пречекан од над 70.000 луѓе. Така, по втор пат во историјата, Бернабеу пречека католички поглавар по Јован Павле II во 1982 година.

Откако доби овации, Папата им се обрати на собраните луѓе: „Претпоставувам дека за фудбалер, постигнувањето гол на овој стадион е момент што му го менува животот, но денес мадридската црква постигна гол за вечноста“.

Пред тоа, Папата Лав XIV беше лично пречекан од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој му го покажа клупскиот музеј со бројните трофеи на „лос Бланкос“, а конечно му подари на Американецот реплика од стадионот, како и дрес на тимот со број 1 и неговото световно име – Роберт Ф. Превост. За возврат, Папата му подари на домаќинот посебен медал.

Како што е познато, по пристигнувањето во шпанската престолнина, католичкиот поглавар ја призна својата пристрасност кон Реал Мадрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Скалони најави: Меси ќе игра против Исланд

Обурн, Алабама е сцената за последниот тест на формата...

Култхард: Расел мора да го победи Антонели во Барселона за да има шанса за титулата

Џорџ Расел мора да го победи колегата од Мерцедес,...

Шпанија влегува на Светското првенство како никогаш досега

Шпанската репрезентација влегува на Светското првенство со полни батерии....

Гласнер одбил понуда од Феенорд за да ги преземе Милан

Австрискиот тренер Оливер Гласнер, кој ја освои Конференциската лига...