Тимот на Интер Мајами дојде до победа од 2-1 над Њу Ингланд Револушн во натпревар од регуларната сезона на МЛС лигата во САД и Канада.
Со победата, „чапјите“ се вратија на победнички патеки откако ремизираа 2-2 со Синсинати во претходниот натпревар.
BERTERAME BRINGS US LEVEL! 💥⚽️ https://t.co/Mw7pZj3beo
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) November 2, 2026
Исто така, на едно коло до крајот, победниците се искачија на второто место во Источната конференција, од кое го истиснаа својот сегашен ривал.
ANOTHER MOMENT OF MESSI MAGIC! 🪄 https://t.co/VDDjhbFoQs
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) November 2, 2026
Со победата, пак, Интер Мајами се квалификуваше за Купот на шампионите на КОНКАКАФ во 2027 година.
Ова беше претпоследен натпревар за Меси, Суарез и компанија пред крајот на регуларната сезона. Нивниот последен судир е на 7 ноември (сабота) во 22:00 часот по наше време против Шарлот, при што „чапјите“ влегуваат во него со бод предност пред Њу Ингланд Револушн.


