Антонели по освојувањето на титулата: Немам зборови, не би бил тука без моето семејство

Андреа Кими Антонели стана најмладиот шампион во историјата на Формула 1 откако ја обезбеди титулата во 2026 година на само 20 години и 68 дена.

Прегледи:

Датум:

Андреа Кими Антонели стана најмладиот шампион во историјата на Формула 1 откако ја обезбеди титулата во 2026 година на само 20 години и 68 дена.

Италијанецот го стори тоа откако заврши трет зад Макс Верстапен и Луис Хамилтон на Големата награда на Мексико Сити. Како што се очекуваше, возачот на Мерцедес беше исклучително емотивен по крајот и им се заблагодари на своето семејство и на тимот, кои го регрутираа во нивната младинска програма пред 2019 година.

„Успеавме, успеавме! Не би бил тука без Мерцедес и без моето семејство, па затоа сум неверојатно благодарен за овој момент, кој ќе го паметам до крајот на животот. Немам зборови. Сè уште се обидувам да сфатам што се случи.

Сезоната беше неверојатна и споделувањето на подиумот со Макс и Луис е навистина посебно. Се радувам на уште многу битки со нив во иднина. Овој викенд почувствував малку поголем притисок, но сум толку среќен што ја постигнавме нашата цел.

Сега можеме да уживаме во остатокот од сезоната“, рече емотивно шампионот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Хамилтон: Дефинитивно треба да имаме некои сериозни разговори во тимот

Луис Хамилтон воопшто не беше задоволен од начинот на...

Антонели е новиот светски шампион во Формула 1

Андреа Кими Антонели ја освои светската титула во ФОрмула...

Усик: Расчистив со тешката категорија, се враќам во мојата

Поранешниот светски шампион во бокс, Олександр Усик, објасни зошто...