Андреа Кими Антонели ја освои светската титула во ФОрмула 1 за 2026 година, и тоа на четири трки до крајот. Со тоа, Италијанецот стана најмладиот шампион во историјата на спортот, со само 20 години и 68 дена, подобрувајќи го достигнувањето на Себастијан Фетел од 2010 година за повеќе од 3 години.
Антонели е првиот италијански претставник кој ја освоил титулата од 1953 година, кога триумфираше Алберто Аскари. Возачот на Мерцедес е исто така првиот светски шампион во Формула 1 роден во 21 век.
KIMI ANTONELLI IS THE 2026 F1 WORLD CHAMPION!!! 🏆
The youngest to ever do it at 20 years and 68 days old!
#F1 #MexicoGP https://t.co/AtRw2RZsg9
— Formula 1 (@F1) November 1, 2026
Антонели ја освои титулата откако заврши на третото место на Големата награда на Мексико Сити. На Италијанецот му беа потребни само два бода од трката на Херманос Родригез за да стане шампион, а освои 15 откако стигна до подиумот.
NEW RECORD 🎶
Kimi Antonelli is the youngest-ever F1 champion! 🏆
🎵 Sarà perché ti amo by Ricchi e Poveri 🇮🇹
#F1 #MexicoGP https://t.co/hkaUgxzSYS
— Formula 1 (@F1) November 1, 2026
Трката ја доби Макс Верстапен, кој триумфираше пред Луис Хамилтон, кој стартуваше од пол-позицијата, и Антонели. Шарл Леклер и минатогодишниот шампион Ландо Норис ги комплетираа првите пет, додека Џорџ Расел, Оскар Пјастри, Франко Колапинто, Лиам Лосон и Пјер Гасли, исто така, освоија поени.


