Арбелоа веќе не е тренер на Реал Мадрид

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека Алваро Арбелоа повеќе не е тренер на првиот тим, со што заврши неговата кратка епизода на клупата на „кралскиот клуб“

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека Алваро Арбелоа повеќе не е тренер на првиот тим, со што заврши неговата кратка епизода на клупата на „кралскиот клуб“.

Во официјалното соопштение се наведува дека клубот и Арбелоа постигнале договор за прекин на соработката, со порака на благодарност за нивната досегашна работа и придонес, и како играч и како тренер во системот на Реал Мадрид.

Арбелоа пристигна на клупата на првиот тим во јануари оваа година, по отпуштањето на Чаби Алонсо, и во тој период го водеше тимот во 28 натпревари, остварувајќи 18 победи, два нерешени и осум порази.

Сепак, сезоната не ги донесе очекуваните резултати. Реал Мадрид остана без трофеј, завршувајќи втор во Примера зад Барселона, со осум бода помалку, додека во Лигата на шампионите беа елиминирани во четвртфиналето од Баерн Минхен. Во Купот, „кралскиот клуб“ беше шокантно елиминиран во осминафиналето од второлигашот Албасете.

Овој исход доведе до нови промени во тренерскиот кадар, а шпанските и европските медиуми веќе шпекулираат за можен наследник. Едно од најчесто споменуваните имиња е Жозе Мурињо, што би значело враќање на португалскиот стручњак на чело на мадридските гиганти.

Реал Мадрид со тоа влегува во нов период на транзиција, со цел брзо враќање на тронот на шпанскиот и европскиот фудбал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...