Арсенал пред своето најголемо засилување ова лето!

Според информациите од Англија, формалностите сè уште треба да се завршат, додека бразилскиот интернационалец е со тимот на Њукасл на подготовки во Ла Манга, Шпанија, и чека дозвола од клубот да отпатува во Лондон

Прегледи:

Датум:

Арсенал е на чекор од потпис со капитенот на Њукасл Јунајтед, Бруно Гимараеш, откако двете страни постигнаа принципиелен договор за трансферот.

Според информациите од Англија, формалностите сè уште треба да се завршат, додека бразилскиот интернационалец е со тимот на Њукасл на подготовки во Ла Манга, Шпанија, и чека дозвола од клубот да отпатува во Лондон.

„Топџиите“ веќе организираат медицински прегледи за 28-годишниот играч од средниот ред, кои треба да се извршат во текот на оваа недела.

Иако официјалната вредност на трансферот сè уште не е потврдена, британските медиуми објавуваат дека договорот би можел да достигне дури 93 милиони евра.

Јутјуб/Принтскрин/Newcastle United

Гимараеш беше приоритетна цел на Микел Артета за засилување на централниот среден ред.

Бразилецот пристигна во Њукасл од Лион на почетокот на 2022 година и брзо прерасна во еден од клучните играчи, а подоцна и капитен на „страчките“.

Преговорите меѓу Арсенал и Њукасл се во тек во последните неколку дена, а според најновите информации, практично е постигнат конечен договор и се очекува трансферот наскоро да биде официјално потврден.

Доаѓањето на Гимараеш би претставувало едно од најголемите засилувања во овој преоден рок и уште еден доказ дека Арсенал сериозно има намера да ја одбрани титулата во Премиер лигата и да го нападне трофејот од Лигата на шампионите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ТФТ го преживеа Куманово: Голема драма и победа на „црно-белите“

Кошаркарите на ТФТ забележаа важна победа во шестото коло...

Де Лаурентис нема намера да го отпушти Алегри

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, продолжува да има...

Роси сè уште не може да ја заборави кавгата со Маркез

Повеќе од една деценија по озлогласениот инцидент на Големата...

Џон Елкан се вмеша за да ги смири тензиите меѓу Хамилтон и Леклер

Извршниот директор на Ферари, Џон Елкан, се вмеша за...