Челси значително ја засилува одбраната – Лакроа пристигнува на „Стемфорд Бриџ“

Челси продолжи да го засилува тимот, а најновата аквизиција на екипата од „Стемфорд Бриџ“ ќе биде Максенс Лакроа, еден од најдобрите дефанзивци во англиската Премиер лига

Прегледи:

Датум:

Челси продолжи да го засилува тимот, а најновата аквизиција на екипата од „Стемфорд Бриџ“ ќе биде Максенс Лакроа, еден од најдобрите дефанзивци во англиската Премиер лига.

Дваесет и шест годишниот Французин одлично играше во редовите на Кристал Палас во последните две сезони, а „сините“ решија да одвојат дури 61 милион евра за него.

Како што објави Фабрицио Романо, сè е договорено и Лакроа е во Лондон на лекарски прегледи.

Французинот ќе потпише шестгодишен договор и ќе биде второто најплатено засилување на тимот од Лондон ова лето.

На првото место е крилниот напаѓач Морган Роџерс, кој го собори англискиот рекорд од 138 милиони евра, а зад Лакроа е десниот бек Марко Палестра, кој пристигна од Аталанта за 57 милиони евра.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...