Поразот на Хрватска од Англија со 7:0 не ја одразува вистинската разлика во квалитетот меѓу двете репрезентации, според селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, пред гостувањето на неговиот тим во Хрватска во Лигата на нации.
Во претходното коло, Шпанците ја победија Чешка со 3:1, и со максимални девет бода од три натпревари, го пречекуваат денешниот дуел.
„Според мене, Хрватска е фантастична репрезентација, многу квалитетна. Не е случајно што во последните десет години беше една од најважните репрезентации на меѓународната сцена. Финале на Светско првенство, полуфинале на Светско првенство, финале на Лига на нации. Имаат одлични играчи“, рече Де ла Фуенте и додаде:
„Она што се случи пред некој ден беше фудбалски инцидент. Како 7:1 на Светското првенство во Бразил или победите на Шпанија од 6:1 против Германија и Аргентина – такви работи се случуваат еднаш во животот. Тоа во никој случај не е вистинска разлика во квалитетот помеѓу Хрватска и Англија. Тој резултат може да им послужи како дополнителна мотивација. Како спортисти и професионалци, ваквите работи длабоко нè погодуваат, но фудбалот е фудбал. Исто така, навистина сакаме да одиграме одличен натпревар, да направиме чекор кон понатамошни квалификации и пред сè, да продолжиме по патот по кој одевме цело време.“
Едно од прашањата на прес-конференцијата беше за Ламин Јамал и неговата подготвеност за претстојниот натпревар.
„Ламин секогаш сака да игра, но тоа е она што го сакаат сите играчи. Дури и оној што играше 90 минути пред два дена, ако го прашате, ќе ви каже дека е целосно подготвен. Потоа проценуваме и анализираме дали треба да игра, со многу фактори што мора да ги земеме предвид. Ламин е во одлична форма, тој е поддршка на целиот тим и природен конкурент. Тој е во најдобар момент за голем натпревар каков што може да биде утрешниот“.
Натпреварот започнува во 20:45 часот.


