Фернандеш за понудите од Јунајтед: Да беше за пари, немаше да бидам тука

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, откри дека одбил две понуди од клубот за продолжување на соработката. Тој истакна дека причината не биле парите, туку желбата да се врати тимот на врвот на Премиер лигата

Прегледи:

Датум:

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, откри дека одбил две понуди од клубот за продолжување на соработката. Тој истакна дека причината не биле парите, туку желбата да се врати тимот на врвот на Премиер лигата.

Португалецот (32) има договор кој истекува на крајот од сезоната.

„Во моментов нема преговори. Видов луѓе како зборуваат за тоа како сум барал повеќе пари или подолг договор. Да сакав повеќе пари, немаше да бидам тука. Имав места каде да одам и да заработувам многу повеќе отколку во Манчестер Јунајтед. Можев да бидам некаде многу потопло отколку во Манчестер“, изјави Фернандеш за Скај Спортс.

„Пред две, три години, како и минатото лето, секогаш имав можност да заминам и секогаш избирав да останам. Мислам дека покажав колку ми е грижа за клубот и колку сакам да победувам тука. Секогаш велев дека ќе заминам во моментот кога клубот ќе одлучи дека е време да заминам“, додаде Португалецот.

Фернандеш рече дека не сака тие да го оптоваруваат клубот.

„Нема да бидам еден од оние играчи што ги видов за време на мојот престој во Јунајтед, кои остануваат само за да останат, да го исполнат договорот до крај. Во моментот кога клубот ќе ми каже: „Бруно, време е да се разделиме“, јас ќе бидам првиот што ќе излезе низ вратата“, рече Брнуно.

Тој вели дека на половина од сезоната не е време да се зборува за нов договор.

„Ми понудија нов договор, што покажува дека сакаат да останам. Разговаравме на крајот од минатата сезона и повторно на почетокот на оваа сезона, но со оглед на ситуацијата во тимот и клубот, решив да го оставам настрана. „Не мислам дека сега е вистинско време за преговори, ниту за мене ниту за клубот. Најважно е Манчестер Јунајтед повторно да почне да победува“, заклучи Португалецот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Охрид ја продолжува европската одбрана на круната, „гладијаторите“ се меѓу најдобрите 16!

ГРК Охрид продолжува да чекори сигурно на европската сцена...

Елмас погоди против Интер

Елиф Елмас повторно се запиша во листата на стрелците...

Алкалоид убедлив против Горење во ЕХФ Еврoкупот

Алкалоид ја искористи домашната предност и со убедливо издание...

Челси не се откажува од Алонсо, и покрај дебаклот со Лидс

Раководството на Челси нема намера да го отпушти Чаби...