ПСЖ е во големи проблеми, бидејќи по Хвича Кварацхелија, тие останаа и без Дезире Дуе до крајот на сезоната. Напаѓачот на ПСЖ ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото на натпреварот со Ница.
Францускиот интернационалец падна на тревата без контакт од противничкиот играч, додека се обидуваше да дрибла.
„Откако претрпе повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено за време на натпреварот од Лига 1 против Ница, Дезире Дуе ќе биде подложен на операција пред крајот на месецот“, соопшти ПСЖ.
Дуе, кој постигна гол за Ница пред повредата, пристигна во ПСЖ во летото 2024 година од Рен во трансфер вреден 50 милиони евра.
Дуе одигра 64 натпревари за ПСЖ и постигна 15 голови во сите натпреварувања.


