📽️ Паркер нов менаџер на Вест Хем, приоритет враќање во Премиер лигата

Вест Хем официјално го потврди назначувањето на поранешниот клупски играч Скот Паркер за свој нов менаџер, потпишувајќи договор од две и пол години.

Прегледи:

Датум:

Вест Хем официјално го потврди назначувањето на поранешниот клупски играч Скот Паркер за свој нов менаџер, потпишувајќи договор од две и пол години.

Четириесет и шест годишниот тренер го наследува Нуно Еспирито Санто, кој беше отпуштен во вторникот по разочарувачкиот почеток на сезоната во Чемпионшип дивизијата.

Паркер ги водеше Фулам, Борнмут и Барнли во Премиер лигата за време на својата тренерска кариера, но е без работа откако го напушти Барнли во април по нивното испаѓање.

Тој ќе го има своето деби за Вест Хем во среда кога неговиот тим ќе патува во Кардиф во Чемпионшип.

Ќе му помагаат Стив Потс, Жерар Прендервил и Били Лепин, додека ќе соработува тесно и со поранешниот соиграч Марк Нобл, кој е и спортски директор.

Клубот објави дека во наредните денови и недели ќе објави дополнителни информации за составот на тренерскиот персонал.

„Многу сум горд што ја преземам оваа улога и што се враќам во клуб кој толку многу ми значи мене и на моето семејство“, изјави Паркер за официјалната веб-страница на Вест Хем.

Новиот тренер на лондонскиот клуб особено ја нагласи врската со навивачите.

„Тука почувствував топлина, љубов и нешто што веројатно не сум го почувствувал никаде на друго место. Она што секогаш се издвојуваше беше односот што го изградив со навивачите. Од првиот момент почувствував меѓусебно почитување и поврзаност“.

Паркер не го крие возбудувањето за неговото враќање и предизвикот што го чека.

„Пред се, ова е можност на која со нетрпение се радувам. Се чувствувам привилегиран и почестен што ми е дадена можност да го водам клубот во борбата за враќање во Премиер лигата“.

Тој рече дека има голема мотивација да ја постигне зацртаната цел.

„Мојата енергија, ентузијазам, желба и страст се на највисоко ниво. Го почувствував тоа штом се појави можноста да се вратам. Затоа сум тука и затоа сакам да бидам дел од овој клуб“, заклучи Паркер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Манчестер Сити би можел да се соочи со дополнителни обвиненија

Сè поголем број шефови на англиски фудбалски клубови бараат...

Бецеки не се откажува од борбата за светската титула во МотоГП

Марко Бецеки јасно стави до знаење дека не се...

Македонија го отвора патот кон ЕП 2028, Луксембург прв предизвик 

Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) во СЦ „Борис...

Рафаел Надал назначен во УО на Реал Мадрид

Реал Мадрид го назначи Рафаел Надал, освојувачот на 22...