Германски фудбалер уапсен под сомнение за труење на соиграч

Фудбалер на германскиот клуб ТуС Рокенберг, 35-годишниот Мариус В., е уапсен под сомнение дека е одговорен за смртта на соиграчот Филип Л. (30), кој почина откако беше отруен за време на тимско патување минатата година, објави денес шпанскиот весник „Марка“

Прегледи:

Датум:

Фудбалер на германскиот клуб ТуС Рокенберг, 35-годишниот Мариус В., е уапсен под сомнение дека е одговорен за смртта на соиграчот Филип Л. (30), кој почина откако беше отруен за време на тимско патување минатата година, објави денес шпанскиот весник „Марка“.

Филип Л. се разболе за време на патувањето на 13 јуни 2025 година, а неговото здравје се влоши по враќањето дома. Почина следниот ден во болница, и покрај обидите да го реанимираат.

Според германските медиуми, причината за смртта била сепса со откажување на повеќе органи, предизвикана од труење.

Истрагата првично ја разгледала можноста за труење со храна, со оглед на тоа што тимот јадел риба за време на патувањето. Истражителите подоцна го насочиле вниманието кон Мариус В.

„Претпоставуваме дека мотивот бил одмазда. Убиствата со труење се исклучително ретки и затоа овој случај е особено невообичаен. Врз основа на досегашните резултати од истрагата, убедени сме дека осомничениот намерно ја убил жртвата“, изјави главниот обвинител Томас Хаубургер за Билд.

Обвинителството сè уште не објави каков отров е употребен или како стигнал до жртвата, наведувајќи дека станува збор за информации кои не се јавно достапни.

Локалните медиуми објавуваат дека имало тврдења за претходен конфликт меѓу двајцата фудбалери поради жена, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

Мариус В. беше уапсен во специјална полициска операција две недели пред неговата свадба.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ристовски: Голем е интересот за FNC 34, сигурен сум дека борбите ќе бидат многу добри и интересни

Министерот за спорт во Владата на Македонија, Борко Ристовски,...

Резултати од RAF 14: Царукјан и Чимаев со убедливи победи

Арман Царукјан и Хамзат Чимаев постигнаа јасни победи на...

Медведев му оддаде почит на Вавринка

По убедливата победа над Теренс Атман на Отвореното првенство...

Вила се откажува од Гарначо !?

Астон Вила размислува да се откаже од трајниот трансфер...