Кејн: Игравме фантастичен фудбал и можеме да бидеме горди

Капитенот на Англија, Хари Кејн, го изрази своето задоволство по победата од 3-0 над Чешка во четвртото коло од Лигата на нации. Напаѓачот стана херој за „Трите лава“ на стадионот Вембли, постигнувајќи два од гола за домаќините

Прегледи:

Датум:

Капитенот на Англија, Хари Кејн, го изрази своето задоволство по победата од 3-0 над Чешка во четвртото коло од Лигата на нации. Напаѓачот стана херој за „Трите лава“ на стадионот „Вембли“, постигнувајќи два гола за домаќините.

„Беше совршена вечер – и лично за мене и за целиот тим. Кампот беше доста зафатен и беше одлично што го завршивме како што треба пред нашите навивачи на „Вембли“. Дефинитивно можеме да бидеме горди на таков настап. Англија играше фантастичен фудбал и за еден напаѓач е вистинско задоволство да има такви шанси“, рече Кејн.

Напаѓачот, исто така, направи преглед на настапот на тимот во последните четири натпревари, земајќи го предвид надминувањето на тешкиот почеток по поразот од 2-3 од Шпанија.

„Сè започна од тој прв натпревар. Иако резултатот против Шпанците не беше онаков каков што се надевавме, покажавме раст во секој следен натпревар. Никогаш не е лесно да се прилагодите и да влезете во ритам веднаш по голем меѓународен форум, но најважно е што ја најдовме вистинската форма“, нагласи предводникот на Англија.

Како заклучок, Кејн коментираше и за силната внатрешна конкуренција за места меѓу стартерите.

„Ова е Англија и борбата за место во составот секогаш ќе биде жестока. Клучот е да се искористат максимално можностите што се појавуваат. Секој сака да биде дел од тимот, а тоа само нè прави посилни како тим“, нагласи капитенот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Лејкерси имаат човек за монструозни забивања

Аду Тиеро (22) покажа зошто се смета за еден...

Откриено кој би можел да го суди „Ел Класико“, мадридските медиуми почнаа негативна кампања

Шпанскиот новинар Роберто Гомез откри кој ќе го суди...

Модриќ: Подобро да не кажам што му кажав на Кукуреља

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ го одигра...