Меси и Роналдо ќе бидат соиграчи на прошталниот натпревар за Карлос Тевез

Поранешниот аргентински репрезентативец, Карлос Тевез, изјави дека ги убедил Лионел Меси и Кристијано Роналдо да играат за истиот тим. Ова се однесува на прошталниот натпревар на 42-годишниот Тевез, закажан за декември на стадионот „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес

Прегледи:

Датум:

Поранешниот аргентински репрезентативец, Карлос Тевез, изјави дека ги убедил Лионел Меси и Кристијано Роналдо да играат за истиот тим. Ова се однесува на прошталниот натпревар на 42-годишниот Тевез, закажан за декември на стадионот „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес.

„Отсекогаш сонував да ги видам Кристијано и Лео во истиот тим. Тие се најголемите играчи на сите времиња. Му реков на Роналдо: „Кристијано, сакам ти и Лео да бидете во истиот тим за мојот проштален натпревар. За да може целиот свет конечно да ја види оваа магија“. Тој рече дека ќе биде таму. Да се убеди Лео не беше тешко. И двајцата ми дадоа согласност“, изјави Тевез, цитиран од „Фут Меркато“.

Аргентинецот играше со Меси во националниот тим од 2005 до 2015 година. Тевез играше заедно со Роналдо во Манчестер Јунајтед од 2007 до 2009 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дончиќ со „дабл-дабл“ каков што никогаш немал во животот, Лејкерс сепак го добија градското дерби

Дербито на Лос Анџелес синоќа се играше во Калифорнија,...

Леклер ги намалува очекувањата по двојниот триумф на тренинзите во САД

Шарл Леклер беше најбрз и највешт на првата и...

Маркез победи на спринт трката во Австралија, Мартин скрши рака

Марк Маркез победи на спринт трката на „Филип Ајленд“...

Конте го прекина молчењето за Јунајтед: „Не сум поставувал услови“

Антонио Конте проговори за шпекулациите за преземање на Манчестер...