Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, синоќа постигна еден од најнеобичните голови во Лигата на шампионите во ремито со Спортинг (2:2). Неговиот слаб удар погоди дупка на тревникот што самиот ја „ископа“ неколку моменти претходно, а топката прескокна покрај голманот.
Фернандеш играше против својот поранешен клуб на стадионот „Хозе Алваладе“. Јунајтед губеше откако Луис Суарез му донесе водство на Спортинг од пенал во првото полувреме. На почетокот од второто полувреме, Фернандес израмни од пенал, а само две минути подоцна го постигна голот за кој најмногу се зборува денес.
Португалецот ја бркаше топката во шеснаесетникот на Спортинг во 50-тата минута. Кога одеднаш го смени правецот, неговата петица ископа парче тревник. Јунајтед набрзо ја врати топката, таа стигна до Фернандеш надвор од шеснаесетникот и тој испрати слаб удар што изгледаше како лесна топка за голманот Каике. Топката, сепак, ја погоди дупката направена од Фернандеш, отскокна и прелета преку изненадениот голман. По голот, Каике ја врати искинатата трева на место.
Apparently Bruno fernandes has played for sporting Lisbon for years and he’s award of the state of the field that’s why he shot from there https://t.co/aeWMJHgAbE
— Darren (@MUFCDarren_) November 26, 2026
„Беше чуден гол. Ми требаше малку време да сфатам дека топката влезе“, изјави Фернандеш за новинарите по натпреварот, според ESPN.
Голот не беше бурно прославен. Тој објасни дека тоа не е поради поранешниот клуб, туку поради начинот на кој е постигнат голот. Додаде дека играчот не покажува ниту повеќе ниту помалку почит со прослава на гол.
Поранешниот играч од средниот ред на Јунајтед, Овен Харгривс, на шега ја нарече дупката „асистенција на сезоната“ во студиото на TNT Sports. Тој го спореди отскокнувањето на топката со терен за голф и рече дека голманот немал шанса, а целата средба ја нарече „најлудата досега“.


