Невил кон Карик: Престани да ги браниш тие манекени што шетаат по теренот

„Апсолутно жално… Го гледам Јунајтед од мои пет години и ова се најлошите 15 минути што некогаш сум ги видел“, изјави легендарниот дефанзивец

Прегледи:

Датум:

Аналитичарот на „Скај Спорт“ и поранешен играч на Манчесѕер јунајтед, Гари Невил, по новиот кикс на „црвените ѓаволи“ против Фулам викендов (1:1), осврнувајќи се на почетокот на второто полувреме изјави дека „никогаш не видел полоши 15 минути од Јунајтед“. Карик, од друга страна, ги отфрли како неосновани прашањата на новинарите дека тимот изгледал „пасивно“.

„Ги гледам натпреварите на Манчестер Јунајтед од мои пет години и ова се најлошите 15 минути што сум ги видел. Апсолутно патетични. Никогаш не сум видел таков недостаток на напор. А потоа Мајкл вели дека нема ништо лошо во енергијата на тимот. Мора да престане да ги брани. Разбирам зошто го прави тоа: тој е лојален, сака играчите да работат за него, сезоната е долга, се разбира. Но, тука двата тима изгледаа исто. Како манекени“, рече Невил, осврнувајќи се на оние кукли во излозите на бутиците.

Во светот на модата тие се нарекуваат „манекени“ и имаат своја намена но во светот на фудбалот тоа се сфаќа во негативна конотација.

„Никогаш не сум видел тим на Манчестер Јунајтед да шета толку многу. Карик мора да престане да ги брани. Ако продолжи вака, ќе примат многу повеќе голови. А сега имаа среќа што примија само еден. Апатија. Ги прегазуваат на секој натпревар… Тие не се ниту будни, ниту живи. И секогаш мора да бидете внимателни. Секогаш мора да поправите нешто, да се поместите два или три чекори. А тие едноставно шетаа кога Фулам ја имаше топката. Фулам разменија 46 додавања во првите неколку минути пред да го изведат првиот шут“, почна со својата тирада Невил.

Статистика која, за волја на вистината, не звучи пофално за Карик.

„Многу, многу ретко велам дека тимот не работи доволно напорно. Бидејќи го сметам тоа за крајна критика за кој било играч. И секогаш сум многу внимателен, но тие 15 минути од првото полувреме, и Манчестер Јунајтед воопшто во првиот час, се вистинска штета. Ни приближно доволно кога играа без топка“.

Карик секако ќе каже дека тимот се кренал и освои бод преку Матеуш Куња во 89-тата минута, но…

„Би се загрижил ако она што го кажува ни се обраќа нам и на нив приватно, кога вратата е затворена. Не вршам притисок врз Карик тука, нема потреба од паника, но ако продолжат вакви игри, ќе бидат во проблеми. Играчите мора да работат понапорно.“

На Јунајтед едноставно им недостасува рамнотежа во тимот, а офанзивните играчи, иако можат да направат нешто… па, премногу често забораваат на одбраната.

„Не е само одбраната таа што му создава проблеми. Мбуемо и Рашфорд се премногу „широко“ и премногу „високо“. Тие не го стеснуваат теренот во одбраната. Потоа ги имате само Тилеманс и Меину во игра. Балеба веројатно ќе се појави. Бруно е малку скитник таму. И Куња исто така. Имате пет или шест играчи кои се подобри со топката отколку без неа. И би било одлично ако постигнат еден куп голови, а потоа примат еден или два, но ќе мора да има некаков вид ресетирање кога станува збор за дефанзивната структура, бидејќи премногу од нив само шетаат по теренот“, заклучи Невил.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📷 По разделбата, Дончиќ им посвети објава на ќерките: „Секогаш сте со мене“

Лука Дончиќ (27) објави порака посветена на своите ќерки...

🎥Сабаленка на „Сан Сиро“ со накит од 100.000 евра

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка беше видена на трибините на...

Мартин: Раката може да почека, трката за титулата не

По Големата награда на Австрија, каде што го освои...

📸Во Мадрид бесни: Валверде претрпе сериозна повреда по дуелот со Атлетико Мадрид

Реал Мадрид објави официјално соопштение за состојбата на играчот...