Нова бомба од Реал Мадрид, „кралевите“ го договориле Кукуреља

Реал Мадрид продолжува да биде најактивниот европски клуб ова трансфер лето. Најновото засилување на „лос бланкос“ сега се очекува да биде 27-годишниот шпански репрезентативец Марк Кукуреља, ексклузивно објави Фабрицио Романо

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид продолжува да биде најактивниот европски клуб ова трансфер лето. Најновото засилување на „лос бланкос“ сега се очекува да биде 27-годишниот шпански репрезентативец Марк Кукуреља, ексклузивно објави Фабрицио Романо.

Според информациите, Реал ќе плати фиксна сума од околу 55 милиони евра за левиот бек на Челси, како и уште 5 милиони евра во форма на можни бонуси. Сè е веќе договорено меѓу клубовите, како и со самиот играч. Привлекувањето на играчот е на лично инсистирање на новиот тренер Жозе Мурињо.

Кукуреља беше поврзуван со ривалите од Ла Лига, Барселона и Атлетико Мадрид, откако неколку пати навести дека не е задоволен од она што се случува во Челси. Сепак, тој очигледно одлучи да ја продолжи кариерата на Бернабеу. Минатата сезона, шпанскиот репрезентативец одигра 50 натпревари, во кои постигна 1 гол и даде 4 асистенции за „сините“ од Лондон.

Кукуреља треба да ги реши проблемите на „лос бланкос“ на левата страна од одбраната, каде што Ферланд Менди често се повредуваше во последните сезони, а Алваро Карерас и Фран Гарсија не беа секогаш доволно убедливи. Кадравиот бек игра на Островот од 2021 година, прво како дел од Брајтон, а потоа се пресели во Челси. Интересно е што Кукуреља е Каталонец и помина низ младинските формации на Еспањол и Барселона.

Реал веќе ги обезбеди потписите на Ибрахима Конате, Дензел Дамфрис и Бернардо Силва, иако овие трансфери сè уште не се официјално објавени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Јунајтед бара замена за Шешко, цел е напаѓач на лути ривали од Премиер лигата

Манчестер Јунајтед размислува за трансфер на напаѓачот на Лидс,...

Астон Вила се откажува од тужбата против Карагер по извинувањето

Астон Вила се откажа од планираната тужба против коментаторот...

Кејн против Атлетико брка рекорд на Роналдо

Хари Кејн е на работ на големо достигнување во...

Доргу подготвен за натпреварот со Рома во ЛШ

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и дански репрезентативец Патрик Доргу...