Почина фудбалерот на Тенерифе кој доживеа срцев удар по судир со голман

Шпанскиот фудбал е погоден од ужасна трагедија. Хесус де Мигел Аламеда, 30-годишниот напаѓач на Тенерифе, кој беше сериозно повреден за време на натпреварот против Андора во понеделникот, почина утрово. Тажната вест ја потврди неговиот клуб.

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот фудбал е погоден од ужасна трагедија. Хесус де Мигел Аламеда, 30-годишниот напаѓач на Тенерифе, кој беше сериозно повреден за време на натпреварот против Андора во понеделникот, почина утрово. Тажната вест ја потврди неговиот клуб.

Де Мигел почина на 3 ноември во 8 часот наутро, помалку од еден ден откако доживеа срцев удар по сериозен судир со противничкиот голман Хесус Овон.

„Со огромна болка, грутка во грлото и неверица дека ова е вистина, ЦД Тенерифе ја објавува трагичната вест дека Хесус де Мигел Аламеда почина овој вторник, 3 ноември 2026 година, во 8 часот наутро“, се вели во официјалното соопштение на клубот.

„Нема зборови на утеха. Апсолутно ништо не може да ја ублажи оваа огромна тага. Ние сме со неговото скршено семејство, неговите најблиски и сите навивачи на Тенерифе кои денес тагуваат по овој суров исход.“

Клубот додаде дека семејството сака да им се заблагодари на сите за нивните изрази на поддршка и да побара приватност во овие исклучително тешки времиња.

За потсетување, трагедијата се случи во понеделник за време на натпреварот од 12-то коло од втората шпанска лига помеѓу Тенерифе и Андора.

Во судиското продолжение, при резултат 2:2, Де Мигел се стрча кон долга топка, а голманот на гостите Хесус Овоно истрча од својот шеснаесетник за да ја расчисти. Следеше силен судир, при што голманот го удри напаѓачот на Тенерифе со колено.

Де Мигел остана неподвижен на теренот, а неговите соиграчи веднаш повикаа медицинска помош. Фудбалерот доживеа срцев удар, по што лекарите успеаја да го реанимираат.

Натпреварот беше прекинат, а Де Мигел беше итно префрлен во Универзитетската болница Нуестра Сењора де Канделарија, каде што беше примен на интензивна нега.

Тенерифе првично објави дека неговата состојба е стабилна, но сериозна. Во текот на ноќта, дојдоа нови, загрижувачки вести за влошување на неговата невролошка состојба, а во вторник наутро клубот го потврди најлошиот можен исход.

Хесус де Мигел е роден на 21 септември 1996 година во Мадрид. Во текот на својата кариера, тој играше, меѓу другите, за Фуенлабрада, Унионистас де Саламанка и Кастељон, пред да се приклучи на Тенерифе во 2025 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Може ли голманот Овоно да биде кривично гонет за смртта на Хесус де Мигел? Еве што вели законот

Шпанскиот и светскиот спорт беа шокирани од веста за...

Голем пресврт во Формула 1: Милијардер продава дел од својот тим

Првата сезона на Кадилак во Формула 1 сè уште...

Седлоски го објави списокот за дуелите со Шкотска и Словенија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, го...