Ситуацијата на Манчестер Јунајтед е нестабилна, но тимот е силен и ќе ја надмине, изјави новиот менаџер Маурисио Покетино. Неговата кариера со „црвените ѓаволи“ започна со катастрофален пораз од 0-4 против Ливерпул во неделата, што го остави клубот во зоната за испаѓање и само пред Кристал Палас.
„Ситуацијата е нестабилна во моментов, но самиот тим не е. Манчестер Јунајтед е силен и го докажа тоа минатата сезона, кога заврши трет на табелата. Сега сме во Лигата на шампионите“, рече Покетино пред натпреварот со Спортинг.
„Во фудбалот, сезоните се различни. Треба да ги идентификуваме главните проблеми и веќе работиме на ова. Мислам дека многу брзо ќе ги свртиме работите. Одиме напред натпревар по натпревар и ниту еден не е поважен од другиот. Ние сме Манчестер Јунајтед и имаме капацитет да ја свртиме оваа ситуација. Во моментов градиме нов идентитет и тоа е најважното нешто“, додаде Покетино.


