Поранешниот англиски репрезентативец, Рахим Стерлинг, нема да оди во затвор. Фудбалерот е осуден на условна казна за сообраќајна несреќа. Тој се изјасни за виновен откако го удри своето Ламборџини вредно 270.000 фунти. 31-годишниот Англичанец поседувал шест канистри со азотен оксид (исто така познат како гас за смеење) за нелегално вдишување во времето на несреќата, а потоа не доставил примерок за анализа.
Окружниот суд во Бејзингстоук денес ја објави неговата казна од 12 месеци затвор, додека условно на 18 месеци. На Стерлинг му е наредено и да изврши 100 часа неплатена општествено корисна работа и му е забрането да вози две години.
Рахим Стерлинг има 20 гола во 82 настапи за Англија и стигна до полуфиналето на Светското првенство во 2018 година. Тој е исто така четирикратен шампион на Премиер лигата со Манчестер Сити, а пет пати со „граѓаните“ го освоил и ФА Купот и Лига Купот.
Тој моментално е без клуб откако се раздели со холандски Феенорд на крајот од минатата сезона.


