ПСЖ го шокирал Ливерпул со цената што ја бара за Баркола

Пари Сен Жермен постави висока цена за Бредли Баркола, покажувајќи дека тешко ќе се разделат од францускиот интернационалец

Прегледи:

Датум:

Пари Сен Жермен постави висока цена за Бредли Баркола, покажувајќи дека тешко ќе се разделат од францускиот интернационалец. Според „Екип“, Парижаните ќе го пуштат крилниот напаѓач само за понуда од 150 милиони евра. Покрај тоа, раководството на клубот сака да го продолжи договорот на 23-годишниoт офанзивен фудбалер, кој истекува во 2028 година.

Имаше сугестии дека Парижаните би можеле да се разделат од Баркола откако го привлекоа Јан Диоманде од РБ Лајпциг. Вториот веќе ги договори личните услови со ПСЖ, но двата клуба сè уште не се согласиле за трансферната сума, која исто така ќе надмине 100 милиони евра.

Диоманде беше една од главните трансфер цели на Ливерпул, но откако стана јасно дека самиот играч сака да се пресели во ПСЖ, „црвените“ ги насочија своите напори токму кон Баркола, кој во моментов е цел број 1. Арсенал е исто така заинтересиран.

Англиските клубови генерално можат да си ја дозволат оваа висока трансфер сума, но останува да се види дали ќе го „отворат џебот“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...