Францускиот репрезентативец Адриен Рабио е на еден чекор од продолжување на договорот со Милан, а новиот договор треба да го врзе со „росонерите“ до јуни 2030 година, објавуваат италијанските медиуми.
Рабио пристигна во Милан во летото 2025 година од Марсеј за 7,4 милиони евра, а неговиот тековен договор истекува во јуни 2028 година.
Искусниот играч од средниот ред е во одлична форма оваа сезона. Тој постигна пет гола и регистрираше осум асистенции во 14 натпревари, па челниците на клубот сакаат да го задржат на долг рок.
Според италијанските медиуми, Милан се надева дека новиот договор ќе биде потпишан пред Божиќ, а Рабио би добил значително зголемување на платата со продолжувањето на соработката.
Наместо сегашните 3,5 милиони евра по сезона, Французинот треба да заработува пет милиони евра.
Рабио беше редовен член на француската репрезентација, за која досега одигра 71 натпревар, постигнувајќи седум гола и обезбедувајќи пет асистенции.


