Реал Мадрид постави цена на Винисиус

Шпанскиот новинар Хозеп Педрерол откри која е минималната сума што Реал Мадрид би ја прифатил за Винисиус Жуниор доколку клубот одлучи да го пушти во следниот преоден рок. Арсенал сè уште е заинтересиран за бразилскиот фудбалер

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот новинар Хозеп Педрерол откри која е минималната сума што Реал Мадрид би ја прифатил за Винисиус Жуниор доколку клубот одлучи да го пушти во следниот преоден рок. Арсенал сè уште е заинтересиран за бразилскиот фудбалер.

Водителот на емисијата „Ел Чирингито“ тврди дека мадридскиот клуб веќе го одредил финансискиот минимум за евентуални преговори, иако во моментов нема намера да продаде една од своите најголеми ѕвезди. Сепак, конечниот исход би можел да зависи и од ставот на самиот фудбалер.

„Не верувам дека понуда на Арсенал ќе има во декември“, рече Педрерол на почетокот од своето излагање.

Тој додаде дека лондонскиот клуб можеби ќе мора да се откаже од некои шпански фудбалери, како што се Мартин Зубименди и Микел Мерино, за да се избалансира сметката за плати на тимот.

Педрерол инсистира дека интересот на Арсенал за Винисиус сè уште постои. Сепак, евентуалниот трансфер прво ќе зависи од тоа дали Бразилецот сака да го напушти Реал Мадрид, а потоа и од отштетата што би ја побарал мадридскиот клуб.

Јутјуб/Принтскрин/HaytersTV

„Арсенал е сè уште во игра. Сè зависи од тоа дали Винисиус сака да си замине и за која сума Реал Мадрид би се согласил да го продаде“, истакна шпанскиот новинар.

„Реал Мадрид не го продава Винисиус, но доколку одлучат да го продадат, а Арсенал сè уште е заинтересиран, нема да го пуштат за помалку од 150 милиони евра. Тоа е минимумот, апсолутниот минимум“, рече водителот на емисијата „Ел Чирингито“.

Арсенал се обиде да потпише со бразилскиот фудбалер минатото лето, но Винисиус одлучи да ја продолжи соработката со Реал Мадрид и потпиша договор кој трае до 2032 година.

Винисиус Жуниор во меѓувреме отслужи суспензија од четири натпревари и повторно е достапен за тимот, почнувајќи од следниот натпревар на Реал во Ла Лига против Селта.

Ова може да претставува голема дилема за тренерот Жозе Мурињо, кој треба да одлучи како да го врати во почетниот состав откако резултатите и настапите на тимот се подобрија за време на неговото отсуство.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Јамал, Флик, Жоан Гарсија, Карлос Еспи и Арда Ѓулер ги освоија наградите од Ла Лига за сезоната 2025/26

Шпанска Ла Лига ги објави добитниците на индивидуалните награди...

Милан подготвен да потпише со Ендрик во јануари, нуди 70.000.000 евра

Реал Мадрид си поигра со Ендрик ова лето. Наместо...

Невил со совет до Покетино: Продади ги овие тројца дефанзивци

Гари Невил изненадувачки го бранеше Диого Далот од критиките...

Пјастри казнет за трката во Лас Вегас

Тимот на Мекларен објави дека Оскар Пјастри ќе биде...