Роналдињо до Меси: Твоето име е запишано во историјата на светот, уживај во животот, брате!

Поранешната бразилска ѕвезда Роналдињо му се обрати на Лионел Меси со емотивни зборови во пресрет на неговиот проштален натпревар за аргентинската репрезентација.

Прегледи:

Датум:

Поранешната бразилска ѕвезда Роналдињо му се обрати на Лионел Меси со емотивни зборови во пресрет на неговиот проштален натпревар за аргентинската репрезентација.

„Какво задоволство и каква радост е да се биде дел од твојата приказна од првиот ден, брате! Нè насмеа толку многу и нè натера да уживаме во фудбалот!!! Твоето име е запишано во историјата на твојата земја и на целиот свет… Само ние ја знаеме радоста што ја почувствувавме, исполнувајќи го нашиот детски сон – да го претставуваме целиот наш народ и да станеме светски шампиони!!! Даде сè за твојата репрезентација и за твојата татковина… Те разбирам совршено и знам дека сè што е поврзано со семејството нè тера да ги преиспитаме работите… Уживај во животот, брате. Ти посакувам се најдобро, денес и засекогаш“, напиша 46-годишниот Роналдињо на социјалните мрежи.

Двајцата Јужноамериканци беа соиграчи во Барселона помеѓу 2004 и 2008 година. Кога Меси го имаше своето деби, Роналдињо беше водечката фигура во каталонскиот тим.

Во мај 2005 година, Меси го постигна својот прв гол за тимот на Барселона во натпревар против Албасете по брилијантна асистенција од Роналдињо.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Билиќ по поразот од Шпанија: Заслужувавме барем бод, вториот гол беше офсајд

Селекторот на Хрватска, Славен Билиќ, изрази жалење по поразот...

🎬 Трогателниот говор на Меси по последиот меч за Аргентина: Би сакал да останам засекогаш, но време е да си одам

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги сподели своите емоции по...

Хрватска одлично одигра против Шпанија, но на крајот доживеа пораз

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0),...

Осум натпревари се доволни: Македонија веќе не смее да чека Седлоски да проработи

Серијата на Гоце Седлоски повеќе не може да се...