Силва нов тренер на Бенфика, потпиша договор до 2028 година

Португалскиот фудбалски тренер Марко Силва е новиот главен тренер на Бенфика, објави денес клубот од Лисабон.

Прегледи:

Датум:

Португалскиот фудбалски тренер Марко Силва е новиот главен тренер на Бенфика, објави денес клубот од Лисабон.

Силва (48), кој го водеше лондонскиот Фулам во последните пет години, потпиша договор со Бенфика до 2028 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Тој ја започна својата тренерска кариера во 2011 година во Есторил, веднаш по завршувањето на играчката кариера со тој клуб. Во својата прва сезона ја освои титулата во Втората португалска лига и обезбеди место во елитното натпреварување.

По успешната работа во Есторил, тој го водеше Спортинг Лисабон, со кого го освои Купот на Португалија во сезоната 2014/15, а потоа и Олимпијакос, со кого го доведе до титулата во грчкото првенство во сезоната 2015/16.

Од 2017 година работи во Англија, каде што седеше на клупите на Хал, Вотфорд, Евертон и Фулам. Во тој период, тој има водено околу 250 натпревари како тренер во Премиер лигата.

Со Фулам во сезоната 2021/22, тој ја освои титулата во Чемпионшип и го врати лондонскиот клуб во највисокото ниво на англискиот фудбал.

На клупата на Бенфика тој ќе го наследи Жозе Мурињо, кој неодамна потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид.

Бенфика минатата сезона заврши на третото место во португалското првенство и се квалификуваше за квалификациите за Лигата на Европа.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Хамилтон: Дефинитивно треба да имаме некои сериозни разговори во тимот

Луис Хамилтон воопшто не беше задоволен од начинот на...

Антонели е новиот светски шампион во Формула 1

Андреа Кими Антонели ја освои светската титула во ФОрмула...

Усик: Расчистив со тешката категорија, се враќам во мојата

Поранешниот светски шампион во бокс, Олександр Усик, објасни зошто...