Трилерот со пет гола помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед избран за натпревар на сезоната во Англија

Исклучително спектакуларниот судир помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, кој заврши 3-2 во корист на „црвените ѓаволи“ на „Емирати“, е избран за натпревар на сезоната, објави Премиер лигата.

Прегледи:

Датум:

Исклучително спектакуларниот судир помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, кој заврши 3-2 во корист на „црвените ѓаволи“ на „Емирати“, е избран за натпревар на сезоната, објави Премиер лигата.

Трилерот, кој се одигра на 25 јануари, им понуди на навивачите извонреден спектакл, пресврти и дури пет гола.

На крајот, овој пораз не се покажа како фатален за „топџиите“, кои и покрај тоа триумфираа со шампионската титула.

Натпреварот доби 50% од сите гласови на навивачите, а интересен детаљ е што и во вториот натпревар на ова рангирање учествуваше Манчестер Јунајтед и тоа беше нивниот нерешен резултат 4-4 со Борнмут.

Трет во изборот на навивачите е импресивниот триумф на Манчестер Сити од 5:4 над Фулам.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мемфис останува единствениот непоразен тим, Филаделфија победи без Леброн и Ембиид

Филаделфија го продолжи одличниот почеток на сезоната со победа...

Расел: Среќен сум по тешката недела

Џорџ Расел заврши втор во квалификациите за Мерцедес во...

Леклер: Не се снајдов добро

Шарл Леклер во Ферари беше голем фаворит за квалификациите...