Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш, бара нивна елиминација од Купот

Со жалбата, ФК Вардар бара таа да биде усвоена, да се утврди неправилниот настап на наведениот фудбалер и ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци да биде елиминиран од понатамошното натпреварување во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027, стои во соопштението на ФФМ

Прегледи:

Датум:

На 29. октомври 2026 година, во Архивата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) пристигнала жалба од ФК Вардар за неправилен настап на фудбалер на ГФК Тиквеш 1930 на натпреварот од осминафиналето на Купот на Македонија, меѓу екипите на ФК Вардар и ГФК Тиквеш 1930, одигран на 28. октомври 2026 година, соопштија оттаму.

Жалбата, која претходно била најавена од ФК Вардар во записникот од натпреварот, се однесува на фудбалерот на ГФК Тиквеш 1930, Окере Ебубе Висдом, со број 23, кој бил дел од почетниот состав на гостинската екипа.

Во жалбата се наведува дека во досието на фудбалерот внесен во КОМЕТ системот на ФФМ, во делот што се однесува на лекарскиот преглед, како медицински документ е приложена спортско-медицинска потврда издадена на име Милош Спасовски, со датум на извршен лекарски преглед 2. јули 2026 година. Според наводите во жалбата, Милош Спасовски не е член на ГФК Тиквеш 1930 од 3. септември 2026 година.

ФК Вардар ја поднесува жалбата повикувајќи се на член 8 и член 30 став 2 од Пропозициите за Куп-натпреварувањето на ФФМ за сезоната 2026/2027, во врска со член 63 став 6, член 68 и член 99 став 1 точка II и став 4 од Правилникот за натпреварување на ФФМ.

Со жалбата, ФК Вардар бара таа да биде усвоена, да се утврди неправилниот настап на наведениот фудбалер и ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци да биде елиминиран од понатамошното натпреварување во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027, стои во соопштението на ФФМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Вардар повторно учи да живее со европските предизвици: има за што да биде горд, но и што да поправи

Враќањето на Вардар во Лигата на шампионите не можеше...

Македонскиот и балканскиот ракомет ги претставивме како навистина добри, кажа Чупиќ по елиминацијата од ЛШ

Ракометарите на Вардар 1961 го завршија натпреварувањето во Лигата...

Петровски нов селектор на женската репрезентација на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) денеска соопшти дека го...

Кормие: Александар Волков е кандидат број еден за титулата во тешка категорија

Даниел Кормие верува дека Александар Волков заслужува шанса за...