Петровски нов селектор на женската репрезентација на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) денеска соопшти дека го назначиле Виктор Петровски за нов селектор на женската репрезентација на Македонија.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) денеска соопшти дека го назначиле Виктор Петровски за нов селектор на женската репрезентација на Македонија.

„Со оваа одлука Федерацијата ја потврдува својата определба за постепено подмладување на репрезентацијата, воспоставување континуитет меѓу младинските и сениорската селекција и создавање нова генерација кошаркарки кои во наредните години треба да бидат носители на македонската женска кошарка“, велат од КФСМ.

Именувањето на новиот селектор следува по повлекувањето на досегашниот предводник на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, кој од лични причини одлучи да ја заврши својата селекторска функција.

Ашаданов ја предводеше репрезентацијата во изминатите пет години, почнувајќи од 2021 година, период во кој со посветеност, професионалност и одговорност работеше на зачувување на репрезентативниот континуитет и развојот на женската кошарка.

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска репрезентација се соочува и со значајни промени во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот период беа дел од националниот тим одлучија да го завршат својот репрезентативен ангажман.

Станува збор за Анџелика Митрашиновиќ, Александра Стојановска, Мерит Хемпе, Ивана Кметовска и Илина Селцова.

Првиот предизвик за новиот селектор Виктор Петровски и подмладената репрезентација ќе бидат двата натпревара во ноемврискиот квалификациски прозорец. Македонија најпрвин ќе гостува на селекцијата на Романија во Букурешт, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Естонија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Вардар повторно учи да живее со европските предизвици: има за што да биде горд, но и што да поправи

Враќањето на Вардар во Лигата на шампионите не можеше...

Македонскиот и балканскиот ракомет ги претставивме како навистина добри, кажа Чупиќ по елиминацијата од ЛШ

Ракометарите на Вардар 1961 го завршија натпреварувањето во Лигата...

Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш, бара нивна елиминација од Купот

На 29. октомври 2026 година, во Архивата на Фудбалската...

Кормие: Александар Волков е кандидат број еден за титулата во тешка категорија

Даниел Кормие верува дека Александар Волков заслужува шанса за...