Вест Хем го отпушти менаџерот Нуно Еспирито Санто по разочарувачкиот почеток на сезоната во Чемпионшип. Неговите помошници Руи Педро Силва и тренерот на голманите Руи Барбоса исто така го напуштаат клубот.
Педесет годишниот тренер ја презеде функцијата во септември 2025 година и не успеа да го спаси клубот од испаѓање од Премиер лигата.
„Чеканите“ се сметаа за фаворити за промоција, но моментално се осми на табелата. Тие победија на два од последните шест натпревари, а ги загубија последните два.
Вест Хем во меѓувреме ќе го водат Марк Нобл, Стив Потс и Жерар Прендервил.
Клубот објави дека веќе започнал потрага по нов менаџер. Според „Атлетик“, Скот Паркер е фаворит за работата.


