Захариевски за Миленко: Човек од сточарството за кој фудбалската топка сѐ уште е рамна

„Почестен сум од денешната споредба, особено кога доаѓа од човек од сточарството за кој фудбалската топка сѐ уште е рамна“, реагираше поранешниот фудбалски репрезентативец и тренер, на објава на социјалните мрежи на директорот на Вардар - Миленко Неделковски.

Прегледи:

Датум:

„Почестен сум од денешната споредба, особено кога доаѓа од човек од сточарството за кој фудбалската топка сѐ уште е рамна“, реагираше поранешниот фудбалски репрезентативец и тренер, на објава на социјалните мрежи на директорот на Вардар – Миленко Неделковски.

„Гоце V.S Горазд/Чунга/Срле – Бог и шеширџија“, објави тој на фотографија со Седлоски.

„Мојата фудбалска биографија е беспрекорно чиста, со многу успеси како фудбалер и како фудбалски тренер во последните 14 години и така ќе остане. Јас верувам во еден Господ, а ти и твоите повеќе богови не се плашите од правда (зашто ја нема и тоа лично сум го осетил), ама на крајот на денот кармата стига кај секого. Вардар е на ниво на држава и е над сите нас и ова ќе го надживее“, порача поранешниот тренер, но и фудбалер на Вардар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...